петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Медиумите пишуваат дека Чедомир Јовановиќ е во критична состојба поради коронавирус, се огласија од неговата партија

Медиумите пишуваат дека Чедомир Јовановиќ е во критична состојба поради коронавирус, се огласија од неговата партија

Српската Либерално демократска партија издаде соопштение во кое демантира дека нивниот лидер, Чедомир Јовановиќ е во критична состојба по запалението на белите дробови и констатираниот Ковид 19.

-Состојбата на Чедомир Јовановиќ е стабилна, без влошување и несакани компликации. Лекарите се задоволни како се одвива лекувањето. Тој нормално комуницира со семејството и се движи, објави оваа партија.

Велат дека не е приклучен на кислородна поддршка.