среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Меѓу жртвите има деца: Малолетник уби најмалку шест лица во Белград – добил единица по историја и затоа „полудел“

Меѓу жртвите има деца: Малолетник уби најмалку шест лица во Белград – добил единица по историја и затоа „полудел“

Најмалку 6 лица меѓу кои и ученици и еден чувар се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пренесе српскиот портал Нова.рс.

Убиството го извршило 14-годишно момче а според информациите на овој медиум, тој со пиштол влегол во една училница каде бил во тек час по историја и отврорил оган кон учениците.

„Доби единица по историја и затоа полуде. Пукаше во наставничката по историја на час, а потоа и во неговите другари. Тој ги има сите петки, сите го знаеме како бубалица“.

Вака учениците од ОУ „Владислав Рибникар“, каде што седмоодделенец влета на час и со пиштолот на татко му уби неколку лица.

Три деца се хоспитализирани во Детската универзитетска клиника во главниот град на Србија, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува порталот Нова.

Неофицијално, се говори за повеќе од 10 ученици со прострелни рани кои биле пренесени во Ургентниот центар.

Прва жртва на нападот бил чуварот во училиштетот, идентификуван како Драган, кој набргу откако бил застрелан, починал од раните.

Откако го извршил злосторството, 14 годишното момче побегнало но набргу потоа било уапсено од полицијата.