Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во Белград, каде што ќе ја започне својата проштална турнеја по Западен Балкан, а на аеродромот „Никола Тесла“ ја пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.
Свечениот прием е закажан за 18 часот пред Палатата на Србија, каде Меркел и Вучиќ потоа ќе разговараат лице в лице, а потоа околу 19 часот ќе одржат заедничка прес-конференција.
Вучиќ подготвува гала вечера за германската канцеларка, а Меркел, како што е најавено претходно, ќе ја продолжи турнејата утре со посета на Тирана и средби со политичките лидери на Западен Балкан.
Вучиќ претходно изјави дека посетата на германската канцеларка е „голема чест за Србија“.
Канцеларијата на Ангела Меркел, канцеларка во заминување, откако Германија одржува парламентарни избори во септември, претходно објави дека разговорите ќе бидат фокусирани на билатералните односи, економските и политичките прашања и прашањата од европската перспектива.
Шефот на српската држава, исто така, го гледа доаѓањето на германската канцеларка како „можност да и изрази благодарност за се` што направила за Србија и регионот за време на нејзиниот долг и успешен мандат“.
Меркел, исто така, ќе се сретне со претставници на граѓанското општество на Западен Балкан во Белград, а во Тирана ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, по што ќе следат разговори со шефовите на владите на Западен Балкан шест, и одделни средби со премиерите на Црна Гора, БиХ, Македонија и Косово.