понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мета: Вчерашната одлука на еднопартискиот Парламент, чекор кон блокирање на евроитеграцијата

Мета: Вчерашната одлука на еднопартискиот Парламент, чекор кон блокирање на евроитеграцијата

Албанскиот претседател Илир Мета, отфрлањето на неговата уредба за повторно разгледување на Изборниот законик на вчерашната седница на парламентот, го смета за чекор кон блокирање на европската интеграција.

-Првиот преседан беше оној од 2008 година кој директно во срце го погоди парламентарниот систем и не доведе до овде, до демократија на градоначалници на олигарси. Тоа е причина што вчера пратениците го отфрлија барањето на ЕУ и гласаа за измените. Најновиот случај на кршење на Уставот беше вчера од еднопартискиот парламент кој постои 20 месеци, рече Мета.

Тој и со оценка дека „целиот законодавен систем во земјата е во лудило“.

-Немаме Уставен суд и кристално јасно се гледа кому му е грижа за тоа. Немаме законска рамка да го направиме референдумот спроведлив иако тоа е уставна обврска. Целиот законодавен процес деновиве е во лудило. Институцијата претседател не потпиша и врати до парламентот 41 закон на повторно разгледување. Антиуставност, обвини Мета.

Се прашува што се случува секојдневно со незаконското постапување на полицијата и државата, кога и како ќе се слушне гласот на народот.

-Невозможно е да се изрази со зборови апсурдноста на оваа ситуација. Странскиот и домашниот бизнис долго време се плаши да инвестираат во Албанија. Нема одговорност, механизмите се згаснати веќе три години, рече Мета.

Според него на 25 април 2021 година, кога треба да се одржат парламентарните избори, сите албански граѓани ќе учествуваат на „овој вонреден референдум“ и е убеден дека граѓаните ќе гласаат за Албанија во Европа.

Претседателот Мета учествуваше на тркалезна маса на тема „Иницијатива за национален референдум“, организирана од граѓанскиот сектор, од која произлезе иницијатива за донесување закон за реферeндум.