вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мицотакис ќе направи промени во неговата Влада

Мицотакис ќе направи промени во неговата Влада

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе направи промените во неговата Влада, нешто што интензивно се споменуваше во Грција во изминатите денови, а новиот владин состав во 11 часот, по локално време, ќе го соопшти владиниот портпарол Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис за денеска закажа владина седница, па така очекувањата беа дека реконструкцијата на Владата ќе биде соопштена или вчера или утрово за состанокот да биде со новиот состав.

Според информациите во Грција промените пред се ќе се однесуваат на позициите заменици- министри, а ќе бидат сменети или ротирани само неколку министри.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во моментите кога ќе биде соопштена реконструкцијата ќе биде на средба со Бујар Османи во Скопје, веројатно е дека ќе остане на неговата позиција, а промените што се споменуваат во медиумите во Грција, веројатно пред се ќе бидат поврзани со министрите и надлежните за справување со актуелните кризи, ако што се пожарите и пандемијата. (МИА)