сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мицотакис најави проверка на финансиите на енергетските компании за евентуален зголемен профит

Мицотакис најави проверка на финансиите на енергетските компании за евентуален зголемен профит

Анализа на податоците и профитот од минатиот октомври до сега на сите енергетски компании во Грција, побарал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Регулаторното тело за енергетика (РАЕ), за да се проверат евентуални големи профити, кои би можеле дополнително да бидат подложни на оданочување, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи од Парламентот, Мицотакис соопшти дека веќе го задолжил РАЕ, кое е единственото надлежно тело во земјата, да почне да ги анализира податоците и врз основа на заклучокот, Владата ќе ги одреди следните чекори, а паралелно објасни дека се работи за тешка равенка.

-Онаму каде што ќе се констатира зголемен профит, компаниите ќе бидат повикани да придонесат во справување со загубите што ги претрпеа граѓаните, рече Мицотакис,

Додаде дека во време на војна потребна е солидарност и поделба на товарот и тој лично нема да се двоуми да донесе законска одредба со која би се оданочил зголемениот профит, доколку се потврди.