петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, Дендиас се враќа од Африка

Мицотакис свика вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, Дендиас се враќа од Африка

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за утрово закажа вонреден состанок на владиниот совет за национална безбедност, а министерот за надворешни работи Никос Дендиас ја прекина посетата на Африка и се враќа во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека на состанокот во премиерската палата ќе присуствува и министерот за животна средина и енергија Костас Скрекас.

Дендиас пак, денеска требаше да го посети Зелениот ‘рт, меѓутоа, според грчкото МНР, поради ситуацијата во Украина, вонредно се враќа во Грција.