петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мигрант убиен кај Сараево

Мигрант убиен кај Сараево

Еден мигрант бил убиен синоќа во меѓусебна пресметка на Илиџа во близина на Сараево, потврди полицијата чии сили се наоѓаат на терен, додека властите најавија затворање на два емигрантски центри кај Бихаќ.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил вчера околу 19 часот кога се судрила група мигранти. Еден добил убодни повредни опасни по живот, и починал набрзо по инцидентот.

-Околу 19:10 во областа на Илиџа еден емигрант доби повреди нанесени со остар предмет. На местото на настанот се полициски службеници и екипа на брзата медицинска помош, чиј лекар ја констатираше смртта во 19:50 часот синоќа, се наведува во соопштението на министерството за внатрешни работи на општина Сараево.