четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Мигрантите од грчките острови имаат можност доброволно да се вратат во нивните земји и да добијат парична помош од 2.000 евра

Мигрантите од грчките острови имаат можност доброволно да се вратат во нивните земји и да добијат парична помош од 2.000 евра

Мигрантите кои до 31 декември 2019 година пристигнале и престојуваат на грчките острови Лерос, Самос, Лезбос, Кос и Хиос од понеделникот можат да се пријават за доброволно враќање во нивната земја на потекло и да добијат финансика помош од 2.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Програмата за доброволно враќање на 5.000 баратели на азил во нивните земји е финансиски поддржана од Европска Унија, а процесот на пријавување започна во понеделникот и ќе трае 30 дена, со можност да се продолжи за уште еден месец, доколку нема доволен број пријавени.

Финансиската помош од 2.000 евра, како што соопшти Министерството за миграција и азил на Грција, не важи за оние кои се од безбедни трети земји како што се Гана, Сенегал, Того, Гамбија, Мароко, Алжир, Тунис, Албанија, Грузија, Украина, Индија и Ерменија.

Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис рече дека целта е да се намали бројот на бегалци и мигранти на островите.

Конкретната програма односно специјалниот механизам беше договорен кон средината на март на средбата на Митаракис со европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансен.