Младите во Србија имаат најпозитивен однос кон припадниците на црногорската и македонската националност, а најнегативен однос кон албанската, покажа овогодинешниот Алтернативен извештај за положбата и потребите на младите во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-На скалата од еден до четири, со тоа што еден значи „секогаш имавме блиски и пријателски односи со нив“, два – „граѓанин како сите други“, три „не ми пречат, но јас не би се дружел со нив“, а четири „не ги сакам“ – Црногорците и Македонците добија највисоки оценки, соопши Главната организација на српската младина (КОМС).
Во групата пријателски националности на територијата на Србија и околината, Црногорците добија вкупна оценка од 1,68, веднаш следат Македонците со 1,75, па Бошњаците со оценка 1,82, Унгарците 1,94 и Романците со 1,95.
Оценката дека се „граѓани како и сите други“ од младите во Србија им е дадена на Хрватите со 2,04 и Бугарите со 2,09, а Албанците се најлошо оценети.
-Со оценката од 2,52 говори дека тие не се во категоријата со која младите не би се дружеле, а народи кои младите „не ги сакаат“ според ова истражување нема во соседството на Србија, сооштија од КОМС. (МИА)