петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини

Могерини очекува Приштина да ги укине дополнителните царини

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска изјави дека очекува властите во Приштина да ги укинат воведените дополнителни царини од 10 отсто за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.

На заедничката прес-конференција со албаснкиот министер за надворешни работи Дитмар Бушати во Брисел, одржана по завршувањето на соостанокот за спроведување на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Албанија и ЕУ, Могерини нагласи и дека очекува и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Бушати на прес-конференцијата одби да одговори дали Албанија би поддржала евентуален договор меѓу Белград и Приштина за „разграничување“, односно промена на гранците или размена на населание, на што Могерини изјави дека „го цени мудриот став на Тирана“ да не се изјаснува по ова прашање.