понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Монструмот го признал делото: Неговата мајка откри во каква состојба бил кога ја убил новинарката

Монструмот го признал делото: Неговата мајка откри во каква состојба бил кога ја убил новинарката

Мајката на 20-годишниот државјанин на Бугарија, уапсен во Германија поради убиство на бугарската новинарка Викторија Маринова, рече дека синот и признал дека е виновен.

-Призна дека го направил тоа додека бил пијан и многу дрогиран, му рече Надежда Красимирова на еден бугарски новинар кој живее во Германија.

„Призна и почна пред мене да плаче. Тој не беше таков, не можам тоа да го разберам“, додаде таа.

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство за силување и убиство на новинарката и побара негово испорачување од Германија.

Телото на 30-годишната Маринова, водителка на емисија за регионални настани на локалната телевизија, е пронајдено во саботата во парк во близина на дунавското пристаниште Русе.