Патниците кои пристигнуваат на аеродромот во Љубљана сега ќе можат да бидат тестирани за новиот коронавирус на тој аеродром, објави операторот Фрапорт Словенија.
-Инсталирањето место на нашиот аеродром ни дава надеж дека воздушниот сообраќај ќе закрепне побрзо и дека ќе се врати довербата, рече директорот на „Фрапорт Словенија“, Змаго Скобир.
Оние кои сакаат да бидат тестирани веднаш по пристигнувањето или пред поаѓањето, ќе мора да закажат тест и да платат 110 евра за тоа. Резултатите ќе бидат готови за четири до шест часа и испратени до патниците по е-пошта на словенечки и англиски јазик. Доколку тестот е позитивен, ќе биде известен Националниот институт за јавно здравје.