На социјалните мрежи се појави нова видео-снимка од безбедносните камери во Белград, на кои се гледа наводно сега веќе покојниот Матеј периш. Станува збор за снимка од кобната вечер, кога младото момче од непознати причини го напуштил ноќниот клуб „Готик“.
Видео снимките се појавија денеска, токму на погребот на Матеј Периш.
На снимките се гледа момче, во мајца која што одговара на онаа која Периш ја носел ноќта на исчезнувањето, како трча по шеталиштето и се движи кон улицата Караѓорѓевиќ, пишуваат српските медиуми.
Ова претставува нова коцка во целиот мозаик која би можела да помогне во расветлувањето на мистеријата околу исчезнувањето на Матеј, затоа што веќе постои снимка на која Матеј фаќа такси, а се знае дека претходно бил во клубот „Готик“.
Видео снимката која трае 36 секунди би можела да ја расветли мистеријата, особено од моментот на напуштањето на клубот, до моментот кога се обидува да фати такси.
— Silvana (@Silvana71376830) May 23, 2022