Со чамец, од турското крајбрежје на грчкиот остров Хиос вчера пристигнале 23 Турци, меѓу кои и деца и побарале политички азил во Грција, објави онлајн изданието на весникот „Политис“ од островот, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, турските државјани рекле дека ги гони влада на Ердоган, додека пак крајбрежната служба од Хиос уапсила две лица кои веројатно се криумчари и управувале со чамецот. (МИА)