среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Најмалку четири лица го загубија животот во поплавите во Анкара

Најмалку четири лица го загубија животот во поплавите во Анкара

Четири лица загинаа во невремето проследено со поројни дождови во турската престолнина Анкара, соопшти турското претседателство за управување со катастрофи и несреќи (АФАД)

Спасувачките операции продолжуваат од почетокот на невремето, кое почна пред два дена.

– Како резултат на дводневната операција за пребарување, во која учествуваа приближно 350 вработени, беше пронајдено безживотното тело на граѓанин зафатен во поплавите во областа Алтандаг во Анкара, се вели во соопштението, во кое се изразува сочувство до роднините.

Бројот на загинати во поплавите во градот се искачи на четири лица. Претходно беше соопштено за три жртви.

Во различни делови на Анкара автомобилите останаа на патот поради поројниот дожд, поплавени се домови и работни места. (МИА)