понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Најмалку една жртва во потонување на туристички брод во Аланија

Најмалку една жртва во потонување на туристички брод во Аланија

Вкупно 37 патници се спасени од брод кој потона во близина на турскиот медитерански град Аланија, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража, јави агенцијата Анадолија.

Од туристичкиот брод кој потона извлечено е едно тело. Градоначалникот на Аланија, Адем Мурат Јуџел изјави дека жртвата е 37-годишен странски државјанин, кој не успеал да се спаси бидејќи се наоѓал во многу тесен простор.

Пловилото потонало на околу метри од брегот, а причината за бродоломот сè уште не е позната.

Спасувачките тимови на Турската крајбрежна стража се на местото на несреќата.