четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Најтопол октомври во изминатите 15 години во Грција

Најтопол октомври во изминатите 15 години во Грција

Минатиот месец бил најтоплиот октомври во Грција во изминатите 15 години, согласно податоците од мрежата од 51 метеоролошка станица на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што пишува Метео, во октомври годинава просечната вредност на максималните дневни температури варирала на екстремно високи нивоа речиси низ целата земја, споредено со просекот од периодот 2010-2019 година.

Најголемите зголемувања на температурата биле регистрирани во северна Грција со 3,5 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната, додека пак во централна и западна Грција, како и на Пелопонез, температурите биле за 2,7 до 2,8 степени повисоки од просечните за овој период од годината.

Во Атина, просечната температурата била за 1,9 степени повисока, а 25 од 31 ден во месецот биле потопли од нормалното за октомври, додека пак во Солун 27 дена во месецот биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година. (МИА)