Припадниците на косовската полиција за економски криминал и царина затворија неколку продавници во северниот дел на Косовска Митровица и околните области, предизвикувајќи реакција кај жителите на тој град, кои со камиони и возила блокираа одредени градски улици и крстосници.
Припадници на Единицата за интервенција на косовската полиција се исто така во соседната општина Звечан, пренесува РТС.
Како што велат, патот што води до населбата Рударе кај мостот е блокиран.
Полицајци фрлале солзавец врз насобраните граѓани кои блокирале неколку улици, а сирените за тревога се огласиле во сите правци.
Според последните информации од очевидци, РОСУ се повлекла во јужниот дел на Косовска Митровица, сирените престанале, но хаосот продолжува. Како што пренесуваат на социјалните мрежи, Србите ги испратиле со камења.
View this post on Instagram
За време на немирите, приватните автомобили што биле паркирани биле запалени и уништени. Голем број граѓани се собрале и во техничкото училиште, каде наводно во нередите биле повредени неколку граѓани, а набрзо пристигнала и брза помош, според очевидци.
Слична ситуација се случи и во Звежан, каде имало експлозии, а чадот се проширил на сите страни.