Наташа Пирц Мусар освои најмногу гласови на претседателските избори и стана првата жена претседател на Словенија. По затворањето на избирачките места со преброени над 90% од гласовите, Пирц Мусар има 53.91 отсто од гласовите.
Нејзиниот противкандидат Анже Логар кој доби 46.09 отсто од гласовите го призна поразот.