петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Навивачите на Вест хем дивееја низ Загреб, еден Хрват е тешко повреден

Навивачите на Вест хем дивееја низ Загреб, еден Хрват е тешко повреден

Вечерва во рамки на Лига Европа во Загреб ќе се соочат Динамо и Вест хем, а во хрватскиот град пристигнаа и навивачите од Англија, кои веднаш почнаа да прават инциденти.

Синоќа околу 21:25 часот во една улица низ Загреб англиските навивачи нападнале двајца Хрвати, при што еден е тешко повреден.

„Полициските службеници реагираа навремето и задржаа четири државјани на Велика Британија на 23, 20, 25 и 23 години, кои се наоѓаа во групата која физички нападна двајца Хрвати на возраст од 26 и 21 година“, соопштија од полицијата.