61-годишната Милка Илиќ и нејзиниот 57-годишен брат Недељко Илиќ од Босна и Херцеговина, кои се пронајдени мртви во четвртокот, починале од отровна билка.
-Се верува дека сакале да наберат див лук, но дека наместо тоа набрале и изеле отровна билка, пишуваат босанските медиумите.
Од што точно починале официјално ќе биде соопштено после истрагата, која во овој случај е продолжена по налог на обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бања Лука.
Илиќ биле мртви 15 дена, а нивните тела биле пронајдени во нивниот дом. Милка била пронајдена во домот, додека Недељко во дворот, а телото му било растргнато од диви животни.
Тие двајца живееле во трошна куќа, а воделе неуреден живот уште од мали нозе.
Мајка им за време на војната настрадала во пожар, нешто подоцна останале без татко, а со оглед на тоа дека не биле способни за самостоен нормален живот, зависеле од хуманите луѓе.