Лидл, добро познатиот германски ланец на супермаркети, планира во Грција до крајот на мај 2019 да затвори 14 свои непрофитабилни продавници.
Со одлуката на компанијата 900 работници ќе бидат без работа.
Димитрис Гурунис, извршниот директор на Лидл во Грција, изјавил неодамна за „Катимерини“ дека во компанијата во последните неколку месеци дошло до значаен пад на прометот што кулминирало во октомври 2018 година, најмногу ги погодил продавниците во некои од летувалишта како и на локации кои во текот на летната сезона благодарение на туристите успевале да бидат профитабилни, но тоа не било доволно.
10 маркети ќе бидат затворени до крајот на мај и преостанатите 4 до почетокот на септември и тоа во фитос, Никити, Јерисос, Неа Мудања, Неа Каликратеа, Лефкас, Паралија, Лептокарија, Аспровалта, Аргостоил-Кефалонија, два на островот Крф и два во Кавали.