недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Нема покренати обвиненија за масовните убиства во Србија: Сите тагуваат по жртвите и чекаат монструмите да бидат казнети

Нема покренати обвиненија за масовните убиства во Србија: Сите тагуваат по жртвите и чекаат монструмите да бидат казнети

Вишите јавни обвинителства во Белград и Смедерево не можат да ги завршат истрагите за двете масовни убиства што се случија на 3 и 4 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац, во кои 20 лица загинаа, бидејќи се уште се чека вештачење за повредите на убиените, што го прави Институтот за судска медицина, пренесе Бета.

Како што пишува денешен Блиц, тие обвинителства се уште не можат да донесат одлуки за поднесување обвинение против осомничениот Владимир К, татко на момчето кое изврши масовно убиство во училиште, а се сомничи дека поседува необезбедено оружје, како и против Урош Блажиќ, кој изврши уште масовно убиство во селата Дубона и Мало Орашје.

За поднесување пријава се чека вештачењето на Институтот за судска медицина што треба да открие кои повреди биле фатални, како и со кое оружје се убиени жртвите. Од институтот за Блиц велат дека „вештачењата се во тек“. (МИА)