Краткотрајно, но интензивно невреме имаше во Грција што предизвика поплави во Солун, Атина, Халкидики, Миконос, Санторини.
На островот Андрос улиците беа целосно поплавени. Во северна Грција невремето откорна дрвја. Засега нема податоци за повредени. Противпожарната бригада црпела вода од подрумските простории и ги отстранувала дрвјата од патиштата. Невреме имало и на полуостровот Халкидики, пренесува Greekreporter. И утре се очекува лошо време. Невреме претходно имаше во повеќе земји од регионот.