петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Николов утре се повлекува, нема да биде мандатар за состав на нова бугарска влада

Николов утре се повлекува, нема да биде мандатар за состав на нова бугарска влада

Мандатарот за состав на валда на Бугарија, Пламен Николов од партијата „Има таков народ, утре ќе ја повлече кандидатурата.

Николов за БТА изјави дека тоа ќе го стори од лични причини и за тоа нема законски пречки.

Претходно денеска, водачот на ИТН, Слави Трифонов изјави дека нема да го достави на гласање предлог -кабинетот со премиер Пламен Николов.

Од „Демократска Бугарија” и „Стани БГ! Доаѓаме!” објавија дека нема да го поддржат предлог -кабинетот.