Поместувањето на стрелките на часовникот и префрлувањето од зимското во летното сметање на времето, е причина за ново разидување на Хрватска и Словенија, која сака да го задржи зимското време.
Европската унија претходно објави дека од 2021 година, најверојатно, ќе ги укине промените на зимскиот и летен начин на пресметување на времето.
Од словенечкото Министерство за инфраструктура потврдија дека се најблиску до тоа да се одлучат за зимското сметање на времето образложувајќи оти станува збор за задржување на зимското односно средноевропскиот систем на сметање на времето (GMT + 1), на кој во моментов припаѓаат и сите соседи на Словенија.
Во писмена изјава до медиумите, оваа одлука на Словенија уште не е конечна и во тек се консултации со земјите од регионот, со намера соседни земји да се координираат и да изберат заедничка временска зона.
Од Министерството испратиле до соседни земји писмо со неколку прашања во врска со нивните размислувања за временската зона, на која со задоволство би и припаѓале, но, не им стигнал никаков одговор.
Нема одговор ниту од Хрватска, а од Министерството за транспорт, море и инфраструктура велат дека не добиле никаков допис од Словенците.
Покрај тоа, неофицијално став на Хрватска е, сепак, попрво да се избере летниот начин на пресметување на времето, најмногу затоа што овој систем е попогоден за туризмот.
-Сé уште не сме имале никакви консултации со Министерството за туризам, но има неофицијалните пораки се дека повеќе ни одговара летниот систем. Во моментов таа тема не ни е во фокусот, но можно е да се залагаме спротивното од она што очигледно се залагаат нашите соседи Словенци, пишува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на непотврдени информации од Министерството за транспорт.
Препораката на Европскиот парламент за ова прашање е да се договорат соседните земји меѓусебно, со цел припадноста кон различни временски зони да не предизвика потешкотии на сообраќајот, но и во многу други области.
Ако земјите не успеат да најдат заеднички јазик, тогаш Комитетот за транспорт на Европскиот парламент, најверојатно, ќе го оцени изборот на секоја земја-членка поединечно, со цел изборот на времето да не донесе потешкотии на внатрешен пазар на ЕУ.