среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Нови детали за трагедијата во Србија: Најмалку 7 загинати, над 35 повредени (ФОТО)

Нови детали за трагедијата во Србија: Најмалку 7 загинати, над 35 повредени (ФОТО)

Најмалку седум лица се загинати, а над 35 поврени во два тешки верижни судири кои утринава се случиле на автопатот Белград-Ниш, меѓу Чуприја и Јагодина.

Сообраќајот во двата правци е запрен, а во несреќата учествувале над 40 возила, камиони, автомобили од двете страни на автопатот. Некои од возилата, како што јавуваат српските медиуми, се уништени до непрепознатливост.

Тројца од загинатите, според неофицијални информции на дел од српските медиуми, се странци, а нивните тела биле извлечени од автомобил од швајцарски регистерски ознаки.

-Од камион со српски ознаки извадено е уште едно тело, изјавено е од екипите од Итна медицинска помош кои се на терен.

Според проценките на полицијата, на местото на несреќата, со лесни и тешки повреди се здобиле меѓу 35 и 40 лица, а оштетени се над 40 возила од кои повеќето се уништени.

Во општата болница во Јагодина хоспитализирани се седум повредеи лица, двајца државјани на Србија, и по еден Германец, Грк, Турчин, Албанец и Полјак.

-Повредите се сериозни, но никој не е животно загрозен, изјавиле од Ургентниот центар во Јагодина.

Двете несреќи се на далечина од 400 метри

Во првата несреќа, од Белград кон Ниш, загинале четири лица, а десет се повредени. Во истата учествувале над 10 возила при што еден камион се запалил.

Втората несреќа се случила на истото место, но во другиот правец, од Ниш кон Белград. Во несреќата три лица го загубија животот, а над 10 се повредени. Учествувале 9 камиони и неколку автомобили.

Двете несреќи се случиле речиси во исто време, утринава околу 7:15 часот. Причина за несреќата најверојатно била намалена видливост поради густа магла.