петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Нови пожари во Грција, гори Закинтос

Нови пожари во Грција, гори Закинтос
илустрација

Пожар избувна синоќа на грчкиот остров Закинтос, кој брзо се проширил благодарение на силниот сув ветер.

Како што јави грчката агенција АНА-МПА, пожарот започнал во селото Каламаки и се шири со два огнени фронта.

Во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број пожарникари, на кои од воздух им помага и хеликоптер.