недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Обилни снежни врнежи во Словенија

Обилни снежни врнежи во Словенија

На многу места во Словенија, меѓу кои и во главниот град од утрово паѓа снег, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Поради пробивање на студена и влажна воздушна маса од север, температурите во земјата паднаа за 25 степени. Вчерашното пролетно време, денес е заменето со зимска идила, па така во Штајерската област вчера беа измерени 25 степени, а 12 часа подоцна почна да паѓа снег.

Според метеоролозите врнежите ќе се прошират и во јужниот дел на земјата, а вечерните температури ќе бидат и до пет степени под нулата. Сепак, во наредните денови се очекува стабилизирање на времето и враќање на пролетните температури.