понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Обвинителството потврди: Монструмот Урош доби 30 дена притвор

Обвинителството потврди: Монструмот Урош доби 30 дена притвор

На осомничениот за масовното убиство кај Младеновац и Смедерево му е одредне притвор од 30 дена, потврдија за РТС во Вишото јавно обвинителство во Смедерево.

Осомничениот за масовно убиство во околината на Младеновац и Смедерево во саботата го признал извршувањето на кривичните дела, меѓу другото наведувајќи дека со употреба на автоматска пушка и пиштол пукал во неколку лица на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац – во Мали Орашје и Дубина биле во група која не ја познавал, за да го исплаши населението, соопшти Вишото јавно обвинителство Смедерево.

Осомничениот У.Б е обвинет дека на 4 мај во доцните вечерни часови на територијата на Смедерево и Младеновац со автоматско оружје убил осум лица и се обидел да убие вкупно 12 други лица.