петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Од 44 лименки пиво направил апарат кој му ја грее целата куќа: Овој изум мора да го видите (ВИДЕО)

Од 44 лименки пиво направил апарат кој му ја грее целата куќа: Овој изум мора да го видите (ВИДЕО)

Информатичарот и математичар од Параќин, Дарко Милиќевиќ (39), верувале или не, од испиените лименки пиво направил соларен панел кој надворешната температура на воздухот од минус пет, на посебен начин, ја зголемува на плус 52 – кога тој истиот воздух ќе влезе внатре во домот.

Панелот е мал бидејќи станува збор за експеримент, па нема доволно сила за целосно да ја загрее собата, но Миличевиќ тврди дека “ова чудо навистина функционира”, па ете идеја како љубителите на пиво, потрошената амбалажа да ја искористат паметно.

-Минатата зима истражував на Интернет за можни алтернативни начини за загревање. Наидов на многу различни идеи, а оваа ми го привлече вниманието, бидејќи ми се чинеше за наједноставна од сите. Купив иверка, стиропор за изолација, фарба, силикон. Правев паузи, па мојот проект траеше неколку месеци додека да го склопам како што треба. Пред зимата оваа плоча ја монтирав на јужниот ѕид од куќата, бидејќи тука сончевите зраци се најсилни, раскажува овој креативен професор.

Системот за греење со помош на конзерви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем го загреваат сончевите зраци во лименките. Воздухот природно се движи нагоре и влегува во куќата низ избушениот отвор во ѕидот.

-Најпрво направив рамка од иверка со димензии метар на метар. Вака направената рамка од еден квадрат ја изолирав со сторопор од три сантиметри и сето го заштитив со црна фолија и направив лежиште за лименките кои, исто така ги офарбав во црно. Така подобро се впива сончевата топлина, вели тој.

Панелот има 11 лименки во 4 редови, значи, вкупно 44.