петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Од безбедносни причини Мицотакис нема да го посети Израел

Од безбедносни причини Мицотакис нема да го посети Израел

Посетата на Израел на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во следните денови, што се споменуваше во грчките медиуми, а ја потврди и државниот министер Акис Скерцос, сепак нема да се реализира од безбедносни причини, јави дописничката на МИА од Атина.

Скерцос говорејќи за државната телевизија ЕРТ синоќа рече дека се разгледува посета на Мицотакис на Израел во следните денови, дека Грција може да игра улога во регионот и најави детали за денеска, меѓутоа утрово, владини извори за грчките медиуми брифираа дека „безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува во Израел“.

Откажаната посета доаѓа по синоќешниот напад врз болницата во Газа, за кој од Министерството за надворешни работи на Грција утрово, преку соопштение изразија „згрозеност од настаните што доведоа до длабоко болна загуба на животи во болницата во Газа“.

-Грција од прв момент ја нагласи потребата од заштита на цивилите и зачувување на хуманитарните вредности и се останува на оваа позиција, соопштија од грчкото МНР.