четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Од денеска голема промена на сите банкомати во Хрватска

Од денеска голема промена на сите банкомати во Хрватска

Хрватска, една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати, поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута. Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти, пишува Н1.

Тие треба да се приспособат така што од 1 јануари 2023 година да се исплаќаат исклучиво во евра, додека банките се обврзани да обезбедат соодветна достапност на куни преку мрежата на банкомати до 31 декември 2022 година. Затоа, банкоматите постепено привремено се исклучуваат во текот на декември и почетокот на јануари, за банките да можат да ја приспособат мрежата на банкомати за исплаќање евра до 15 јануари 2023 година.

Со цел овој процес на усогласување да не влијае негативно на достапноста на готовина во куни во периодот до 31 декември 2022 година, односно во евра по 1 јануари 2023 година, банките привремено, во периодот од 15 декември 2022 до 15 јануари 2023 година за граѓаните ќе ги укинат надоместоците за трансакции за подигање готовина со дебитни картички на банкомати надвор од сопствената мрежа на банкомати на одредена банка (на банкомати на други банки) во Република Хрватска.

Така, од 15 до 31 декември куните може бесплатно да се подигаат на кој било банкомат, додека од 1 до 15 јануари без надомест ќе може да се повлекуваат евра од банкоматите.

Со оглед на густината на мрежата на банкомати во Хрватска, ова треба да им обезбеди на граѓаните висок степен на достапност на готовина во куни до 31 декември 2022 година и готовина во евра по 1 јануари 2023 година.