четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Од денеска татковците во Хрватска имаат право на платено отсуство по раѓање на бебе

Од денеска татковците во Хрватска имаат право на платено отсуство по раѓање на бебе
илустрација

Во Хрватска денеска стапи во сила законот со кој на татковците им се дава право на 10 до 15 дена платено отсуство за да го поминат со семејството во првите шест месеци по раѓањето на детето.

Единствен услов е да имаат континуиран работен стаж од девет месеци, без разлика дали имаат договор на определено или неопределено време или да работат една година со прекини во текот на 24 месеци.

Доколку работодавачот одбие да го дозволи овој платен одмор, се предвидува казна од 10.000 куни (1330 евра) до 50.000 куни (6650 евра).

– Веруваме дека би било добро во првите месеци од животот на детето и двајцата родители да учествуваат во грижата за новороденчето и да создадат подобра емотивна врска, изјави за Хина државната секретарка на Централниот државен завод за демографија Жељка Јосиќ.

На татковците кои ќе се решат да го користат ова отсуство, ќе им биде исплатена целосна плата, со тоа што оваа сума ќе оди на сметката на државата, а не на сметката на работодавачот.