сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Одбележување на 23 години од геноцидот во Сребреница

Одбележување на 23 години од геноцидот во Сребреница

Комеморација за настраданите Бошњаци за време на офанзивата на српските сили врз Сребреница во јули 1995 година ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар Поточари.

Почетокот е закажан за 11:30 часот кога бројни делегации ќе положат цвеќе и оддадат почит на настраданите. Потоа ќе следува верски дел од коморацијата и погребување на посмртни останки на 71 сребреничка жртва идентификувани лани.

Најмладата жртва која ќе биде погребана оваа година е 16-годишно момче, додека Шахин Халиловиќ кој имал 71 година кога бил убиен, е најстара жртва која ќе биде погребана денеска во Поточари.

Меѓународниот суд за правда во Хаг во 2007 година во пресуда по тужба на БиХ против поранешна СР Југославија констатираше дека во Сребреница во 1995 година се случил геноцид во кој се убиени над 8.000 луѓе.