петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Одлуката на судот воопшто нема да им се допадне на медицинските сестри кои ја малтретираа старицата

Одлуката на судот воопшто нема да им се допадне на медицинските сестри кои ја малтретираа старицата

Основниот суд во Пеќ, во врска со случајот со нападот врз Минирие Нура во старскиот дом „Оренда“ во Пеќ, одлучи на трите медицински сестри инволвирани во нападот да им биде одреден притвор од по еден месец, јавува Клан Косово.

Притворените медицински сестри се Аурона Пелај, главен извршител на насилството, како и Алтина Реџепи и Ремзије Куќи, кои ја снимиле страшната случка и не интервенирале.

Притворот обвинетите медицински сестри ќе го поминат во затворот Липјани.