вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Одморот се претворил во вистинска трагедија: Се удавија две сестри во базен- еве ги деталите

Одморот се претворил во вистинска трагедија: Се удавија две сестри во базен- еве ги деталите

Две сестри, француски тинејџерки на возраст од 16 и 19 се удавија во хотелски базен во областа Лалисос на Родос.

Веста за несреќата била добиена вчера околу 21 часот кога на базенот немало спасувачи, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.

Телото на едната девојка е пронајдено како лебди на површината на водата, додека другото било пронајдено на дното.

Според пишувањата на локалните медиуми, едната настрадала обидувајќи се да ја спаси другата сестра.

Поради несреќата, локалниот обвинител побарал апсење на менаџерот на хотелот и спасувачите кои би требало утре да дадат изјава.

Девојките биле на Родос со уште една сестра.