вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Општина Демир Хисар го обновува возниот парк во комуналната сфера

Општина Демир Хисар го обновува возниот парк во комуналната сфера

Со средства од Владата на Република Македонија, општина Демир Хисар ќе набави нови возила за комунален отпад.

Средствата се обезбедени од програмата за развој на планските региони и се во функција на заштитата на животната средина, како и директен придонес во туристичкиот потенцијал на општината.

– Со новото возило за комунален отпад, нашето јавно комунално претпријатие „Комуналец“ – Демир Хисар ќе го подигне степенот на ефикасно вршење на комуналните услуги, но и квалитетот во работата на претпријатието како важен сервис за граѓаните. Новото возило за комунален отпад само по себе го зголемува комуналниот возен парк кој е секојдневно на терен и во сите населени места, кои годинава како избран град на културата во 2018 година, дополнително ги уредуваме и чистиме за да им го зголемиме туристичкиот потенцијал, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.

Со владината одлука, општина Демир Хисар но и општина Крушево заеднички добија 5,8 милиони денари за набавка на возила за комунален отпад.

(Миа)