вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Оркански удари на ветрот на подрачјето на Сплит корнат дрва

Оркански удари на ветрот на подрачјето на Сплит корнат дрва

Изненадувачки силна бура дува денеска на широкотo подручје на Сплит, каде орканските удари на ветрот достигнуваат брзина од 122  километри на час. Во Подвелебитскиот канал брзината на ветровите е 150 километри на час, соопшти хидрометеоролошката станица Марјан.

Бурата крши гранки и корне од корен цели стебла.

Урнати стебла има во Каштел Сучурац, на Марај, а поради бурата откорнат е кров на автобуска станица.

Поради орканските удари на ветрот и грмотевиците проблеми има и во воздушниот сообраќај. (МИА)