петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Османи утре во Њујорк со обраќање пред Советот за безбедност на ООН

Османи утре во Њујорк со обраќање пред Советот за безбедност на ООН

Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска за Њујорк, каде што утре ќе го претставува Косово пред Советот за безбедност на Организацијата на обединетите нации, јави дописникот на МИА од Приштина.

Беким Купина, советник на косовската претседателка, изјави дека Османи, во овој периодичен извештај за случувањата во Косово, се очекува да зборува за последните политичко-безбедносни случувања во земјата, со фокус на „терористичкиот напад на северот на државата на 24 септември“.

Од претседателскиот кабинет соопштија дека Османи ќе зборува и за посветеноста на косовските институции на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, како и на блиската соработка со сојузниците и партнерите.

Пред состанокот на СБ на ООН, се очекува Османи да се сретне и да се координира со дел од претставниците на сојузничките земји.

Советот за безбедност на ООН ќе расправа за новиот шестмесечен извештај за ситуацијата во Косово, кој го опфаќа периодот од 19 март до 18 септември 2023 година.

Србија на оваа средба ќе биде претставувана од премиерката Ана Брнабиќ.