четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Осум години од смртта на Јованка Броз

Осум години од смртта на Јованка Броз

На 20 октомври во 2013 година во Белград починала вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, Јованка Броз.

Таа била родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живеела до неговата смрт во 1980 година.

Јованка Броз по смртта на Тито живеела во скромни услови во белградската населба Дедиње.

Вдовицата на Тито ретко се појавувала во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлекла нејзината медиумска исповед.

Јованка починала по точно 59 дена поминати во белградскиот Ургентен центар, во 89-та година од животот. Срцето и белите дробови ја изгубиле битката поради товарот на годините, но и поради основната болест, тешка болест, за која ниту таа ниту нејзините најблиски не ни насетувале дека ја има.