Прекрасно попладне што јас и Себастијан Курц го поминуваме заедно, сподели денеска на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со фотографија на која се гледа како со гостинот од Австрија подготвуваат скара.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц е во работна посета на Србија за време на која Вучиќ му врачи Орден на Република Србија.
Во официјално соопштение од средбата се наведува дека двајцата размениле мислења за перспективите на земјите од Западен Балкан во ЕУ.