петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Откриени 46 мигранти во гумен чамец во близина на грчкиот остров Лезбос

Откриени 46 мигранти во гумен чамец во близина на грчкиот остров Лезбос

Во морскиот дел северозападно од Лезбос, бил откриен гумен чамец со 46 мигранти кои безбедно биле пренесени на пристаништето на островот, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Гумениот чамецот бил откриен за време на редовна патрола на брод на крајбрежната служба.

Групата, откако била спасена, биле пренесена на пристаништето на островот, а оттаму во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти. (МИА)