сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ОТКРИЕНО Е ИМЕТО НА КАНЦЕРОГЕНИОТ ЧИПС ОД СРБИЈА Сте грицкале ли некогаш ваков чачански чипс со вкус на пиперка?

ОТКРИЕНО Е ИМЕТО НА КАНЦЕРОГЕНИОТ ЧИПС ОД СРБИЈА Сте грицкале ли некогаш ваков чачански чипс со вкус на пиперка?

Познато е името на српскиот чипс во кој беше детектирано високо ниво на канцероген акриламид, а кој требало да се продава во продавниците низ Хрватска.

Како што обави Државниот инспекторат на Хрватска, станува збор за „Chips Bits & Bytes Rebrasti Paprika 150 g.“ од произведителот „Chips Way d.o.o.“ од Чачак, Србија.

Чипсот бил уништен во Хрватска уште пред да се најде на рафтовите во супермаркетите.

Како што објавија некои медиуми, Хрватската агенција за храна објави дека се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.

Акриламидот најчесто се наоѓа во леб, пржени компири, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и во кафе.

Засега сѐ уште е непознато дали и на македонскиот пазар има ваков српски чипс во кој е откриено високо ниво на акриламид, но како што изјави дректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, во тек се проверки.

Според Бабовски, ако евентуално се потврди дека го има кај нас, производот ќе биде повлечен.