недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ОТКРИЕНО ОД КАДЕ „ДОЛЕТАЛ“ ПО ГРЕШКА ДРОНОТ – хрватскиот премиер го стресе регионот со изјавата чие производство е истиот

ОТКРИЕНО ОД КАДЕ „ДОЛЕТАЛ“ ПО ГРЕШКА ДРОНОТ – хрватскиот премиер го стресе регионот со изјавата чие производство е истиот

Хрватската Влада објави соопштение денеска откако во Загреб ноќеска се урна беспилотно летало.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во Париз на состанокот на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина, денеска и се обрати на јавноста, наведувајќи дека се работи за летало од руско производство.

„Според она што сега го имаме како информација, се работи за авион од руско производство. Не се знае дали бил во сопственост на руската или украинската армија“, изјави Пленковиќ.

„Се знае дека во Хрватска дошла од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Знаеме дека неколку минути ја прелетала Хрватска и паднала во Загреб. Добро е што никој не е повреден и паднал на дел што не е ниту куќа ниту зграда. Надлежните служби спроведуваат истрага“, изјави хрватскиот премиер.

„Во тек е криминалистичка истрага во соработка меѓу криминалистичката полиција и воената полиција, а се преземаат и други мерки за координација на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности”, наведоа од Владата на Хрватска.

Претходно беше објавено дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило и експлодирало. Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.

Засега полицијата нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.