среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Отповикани одморите на медицинскиот персонал во Грција

Отповикани одморите на медицинскиот персонал во Грција

Годишните одмори на вработените во сите здравствени институции во Грција, се отповикани со одлука на министерот за здравство Василис Кикиљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Според одлуката, што ја објавија грчките медиуми, согласно соодветните одредби, меѓу кои и онаа за справување со вонредни потреби, одлучено е, на неодредено време да се отповикаат одморите на вработените во централната служба во Министерството за здравство, во државните болници, во итната помош, во Националната организација за јавно здравје, Националните крводарителни центри, во здравствените центри, регионалните ординации и така натаму. (МИА)