недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Отстранет воениот дрон кој експлодира во Загреб! Сите ја чекаат анализата на откриената црна кутија (ФОТО+ВИДЕО)

Отстранет воениот дрон кој експлодира во Загреб! Сите ја чекаат анализата на откриената црна кутија (ФОТО+ВИДЕО)

Операцијата за извлекување на воениот дрон од длабокиот кратер во кој остана откако во четвртокот вечерта се урна на ливадата кај Студентскиот дом Стјепан Радиќ во Загреб започна во саботата, а заврши денеска. Според Индекс.хр, леталото било извадено во 9.45 часот.

На видеото од местото на настанот кај езерото Јарун се гледа како кран во еден момент извлекува целосно уништен дрон. Според надлежните, голем проблем при вадењето биле корените на дрвјата, а од дронот останало само стуткано купче метал.

Погледнете како изгледаше извлекувањето на леталото:

Да потсетиме, началникот на Одделот за воена полиција на Генералштабот на ЗПР, Владо Ковачевиќ, потврди дека во саботата од остатоците од дронот Ту-141 Вр Стриз, кој делумно бил оштетен, била извлечена црна кутија додавајќи дека некои делови укажуваат на можноста леталото да носело експлозивна направа. Тој во дневниот весник ХРТ истакна дека црната кутија ќе биде проследена на анализа на експерти за воена авијација. Сè уште не е утврдено кој го лансирал леталото, иако Русија или Украина се осомничени поради советското потекло на авионот.