четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Отворен преминот Брњак, Јариње и понатаму е затворен

Отворен преминот Брњак, Јариње и понатаму е затворен

По десетдневната блокада утрово е отворен преминот Брњак, потврди за српските медиуми заменик командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

Тој додаде дека преминот Јариње сè уште е затворен.

Косовските власти ги затворија премините Јариње и Брњак по конфликтот во Бањска на 24 септември, во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција.