Горан Петронијевиќ, адвокат на Радован Карџиќ, ги пренел за РТРС првите зборови на поранешниот претседател на РС после изрекување на пресудата, со која е осуден на доживотна казна затвор.
Ова нема врска со правото, ова е нивна правда – рекол Караџиќ, според зборовите на Петронијевиќ.
Жалбениот совет во Хаг денска го осуди на доживотен затвор првиот претседател на Република Срапска, Радован Караџиќ за геноцид во Сребреница и злосторство против човештвото, кршење на законите и обичаите на војување.